Ќерката на Жељко Јоксимовиќ, Мина, сними дует со полскиот продуцент Крист Ван Д. Песната Run Away ја објавија уште минатата година, а Мими не се појави во спотот поради коронавирусот. Песната брзо беше прифатена од публиката и стана хит во Полска.
Неодамна во интервју за Story.hr Мина рече дека завршила на Музичката академија и дека Жељко ѝ е голема поддршка во она што го работи.
„Многу сум среќна што имам татко кој е секогаш тука за мене. Неговите музички совети ми се многу драгоцени. Секогаш го прашувам за мислење, но и секогаш ми дозволува сама да работам на мојата музика, затоа што многу му е важно да бидам оригинална“, рече Мина.
Смета дека веќе докажа дека е способна самата да се избори на сцената, затоа што песната Run Away добро поминала на странски пазар, каде никој не ја познава.
За потсетување, Жељко ја доби Мина со Весна Аврамовиќ. Жељко сега е во брак со Јована и има три деца, близнаците Ана и Срна и синот Коста.