Првиот сопруг на пејачката Џенифер Лопез, Ојани Ноа, верува дека бракот на пејачката и актерот Бен Афлек нема да потрае. Тој тврди дека Лопез сака да биде заљубена, но губела интерес откако страста во нејзиниот брак ќе се смири.
„Нејзе и на Бен им посакувам сè најдобро, но не сум убеден дека тоа ќе потрае. Џен сака да биде заљубена, но таа е свршена шест пати. Бен е сопруг број четири. Јас бев сопруг број еден, а таа ми рече дека сум љубовта на нејзиниот живот. Кога лежевме во кревет на првата брачна ноќ, таа рече дека засекогаш ќе бидеме заедно“, раскажа Ојани.
Ноа и Џенифер се запознале додека тој бил кубански бегалец и работел во ресторан во Мајами. Денеска тој работи како личен тренер.
Парот се разведе во 1998 година, а тој ретко зборувал за нивната врска во јавноста, но и по разделбата тие останале пријатели долги години потоа.
Тој во интервју за Дејли Мејл открива дека Џенифер Лопез за него била најубавата жена што ја видел.
„Се заљубивме кога таа веќе беше позната. Но, за време на нашиот брак таа стана мегаѕвезда. Со години беше премногу болно да се зборува за тоа. Сакав да се повлечам и да го живеам својот живот. Но, кога видов дека се омажи за Бен, кој е добро момче, чувствата се вратија“, додаде тој.
На 28-годишна возраст, Лопез веќе беше славна личност. Таа глумеше танчерка во ТВ-шоуто „Ин Ливинг Колор“, а потоа и во фолмот „Money Train“ заедно со Вуди Харелсон. Кога го запознала Ојани, таа го снимала „Блод анд Вајн“ заедно со Џек Николсон и Мајкл Кејн.
На 28-годишна возраст, Лопез веќе беше славна личност. Таа глумеше танчерка во ТВ-шоуто „In Living Colour“, а потоа и во фолмот „Money Train“ заедно со Вуди Харелсон. Кога го запознала Ојани, таа го снимала „Blood And Wine“ заедно со Џек Николсон и Мајкл Кејн