Семејството на Катарина Ордуња Перез од Мексико, која почина во јануари минатата година на 99 години, ѝ ја исполни последната желба и на нејзиниот гроб ѝ постави надгробен споменик во форма на пенис.
Статуата е долга 160 сантиметри и тешка 270 килограми и беше поставена на нејзиниот гроб минатиот викенд. Семејството рече дека ѝ ја ставиле во знак на љубовта и животната радост.
„Отсекогаш беше авангардна. Сакаше да ја разбие парадигмата за сѐ што е мексиканско, каде работите се затскриваат затоа што луѓето немаат отворен ум“, рече внук ѝ Алваро Мота Лимон во интервју за VICE World News и додаде дека баба му отсекогаш имала отворен ум за сѐ и сешто.
Катарина или Доња Ката, како што ја нарекувале уште од мала, имала посебен афинитет кон пенисите и она што верувала дека тие претставуваат.
Кога им кажала на другите дека гробот сака да ѝ биде украсен со пенис, тие на почетокот мислеле дека се шегува. Лимон ја познавал како забавна жена, но нејзината желба не ја сметал за сериозна. Пред смртта ја прашал повторно за нејзината желба.
„Ми рече дека сака да не ја заборавиме и да се сеќаваме на таква каква што ја знаеме“, рече Лимон.
Here’s the moment that Doña Cata’s 600 pound cock and balls statue was unveiled on her grave. #BVE pic.twitter.com/glP1ZK1QYY
— Nathaniel Janowitz (@ngjanowitz) July 28, 2022
По нејзината смрт на 20 јануари минатата година, семејството повторно разговарало за нејзината желба. Лимон рече дека било потребно време за да ги подготват сите работи. На крајот го побарале локалниот инженер во градот кој прави пластични производи.
Било потребно околу еден месец и тим од 12 луѓе за да се заврши работата. Во проектот биле вклучени, столари, вајари и резбари. Инженерот кој работел на проектот рече дека ова му бил најчудниот досега, но признал и дека не бил изненаден познавајќи ја Доња Ката.