Бившиот сопруг на хрватската пејачка Северина, Милан Поповиќ, чека трето дете со неговата втора сопруга Бојана од Белград.
Поповиќ за српските медиуми откри како се запознале.
„Ние двајца се запознавме во Белград. Бојана студира маркетинг, потекнува од добро белградско семејство, многу е привлечна, образована, млада, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена за шега“, изјавил Поповиќ.
Како што вели бизнисменот со неа нема кавги и расправии, дури и во состојбата во која се наоѓа Поповиќ сопругата ја опишува како слатка, драга и одлична мајка.
Втората сопруга на Милан Поповиќ е 28 години помлада од него, а заедно имаат два сина Милан и Ѓорѓе.
Северина и Милан се запознале во 2010 година, а „кралот на бакарот“ наводно ја освоил пејачката свирејќи на гитара и пеејќи и ги омилените песни и знаејќи да лета со авион и брод.
Во 2012 година го добија синот Александар, а конечниот крај на нивната врска дојде една година подоцна кога нивната љубов се претвори во битка за старателството над синот.