Мажот кој ги нападна кучињата на пејачката Лејди Гага е осуден на четири години затвор. Судот во Калифорнија го осуди Џејлин Кејшон Вајт, кој заедно со уште тројца извршија вооружен грабеж врз нејзиниот шетач на кучиња Рајан Фишер.
Џејлин ја призна вината за нападот во кој на Гага ѝ беа украдени два француски булдога. За потсетување, Вајт со неговата банда пукаше во Фишер додека ги шеташе трите булдога на Гага низ Холивуд во февруари 2021 година.
На снимката од безбедносните камери се гледа местото на нападот и како еден автомобил застанува во близина на Фишер, а од него излегуваат две лица. На снимката се слуша и пукање, по што Фишер паѓа на земја. Напаѓачите ги украле булдозите Којија и Густаво.
Третото куче, Мис Асиа, останало со Фишер откако крадците си заминале. Фишер се здоби со повреда на градниот кош, а месец дена подоцна на „Инстаграм“ напиша дека претрпел колабирање на белите дробови.
Пејачката понуди награда од 500.000 долари за да ги добие кучињата назад.
„Милениците на Гага се предадени во локалната полициска станица. Пронајдени се неповредени и се предадени на нивните сопственици“, објави на „Твитер“ полицијата на Лос Анџелес.
Вајт беше обвинет во април 2021 година заедно со Џејмс Хауард Џексон (19) и Шон Вајли. Полицијата во Лос Анџелес за време на грабежот соопшти дека не верува дека кучињата биле цел на нивниот сопственик, туку поради вредноста на расата на црниот пазар.