Хрватската ѕвезда Северина по 30 години одржа концерт во Чазма и на Инстаграм објави неколку фотки и видеа од концертот. Но, нејзините објави ги поделија фановите. Едни велат дека е прекрасна, а други дека претерала со филерите па сега образите ѝ се надуени, а очите скорои и да не ѝ се гледаат.
„Како да те искасале пчели“, стои во коментарите.
Пејачката не зборува за естетските корекции на лицето, иако своевремено призна дека направила корекција на носот.
„На 20 години го оперирав носот, а ме наговори лекарот. Не беше ни грд ни крив. Ама, дојде типот и ми вика: јас би го средил малку тој нос и јас му дозволив. Тука застанав. По операцијата ми се појави проблем со дишењето, претходно бев добра. Ама, поубав е од мојот вистинску нос, ако сум искрена“, рече одамна Северина.