Поп-ѕвездата Каролина Гочева со сопругот е на одмор во Италија. Таа објави фотографии како ужива во знаменитостите на регионот Пуља, но и на плажата Галиполи.
Каролина на фотографиите е облечена во два долги летни фустани во мента и зелена боја, додека Михаил во спортска кежуал комбинација.
Таа во јуни беше на семеен одмор во Грција заедно сестра ѝ и мајка ѝ и нејзините внуки.
Каролина на 4 август требаше да одржи концерт во Охрид на Антички, но поради ковид таа го откажа и најави средба со охридската публика во септември.