Една од најпопуларните двојки во Италија, Франческо Тоти и Илари Блази се разведоа по 17 години брак, а причина за тоа наводно е неверство. Тоти ја фатил Блази како го изневерува со нејзиниот личен тренер Кристијано Ловино.
Италијанските медиуми пренесуваат дека нивната врска траела повеќе од година дена. „ Во последно време Илари не се ни обиде да се сокрие и направи хаос“, открива извор близок до нив и дополни по разводот Илари не ја криела врската.
Кристијан е познат во Италија и го следат повеќе од 50.000 луѓе на социјалните мрежи. Познат е по тоа што објавува голи фотографии од атрактивни дестинации. За потсетување, Тоти и Блази по разводот рекоа дека ќе се потрудат да останат во добри односи за децата.