Како правилно да носите обетки

Обетките се традиционален накит за уши кои се носат илјадници години. Нивниот назив потекнува од персискиот збор mengus, а најчесто се изработуваат од благородни метали. Во текот на историјата обетките се носеле во Античка Грција, Рим, низ целиот средни век, и во модерното време.

Посебно бирајте го своето парче накит за да не го уништете својот внимателно осмислен изглед

Обетките ги носеле и жени и мажи, а може да се каже дека обетките означуваат статус во општеството, но не и секогаш припадност на аристократија. На Балканот традицијата за носење обетки е длабоко вкоренета, а доказ за тоа се фреските во манастирите на кои се прикажани припадници на аристократијата со шарен накит на ушите, како и обетки пронајдени при археолошките истражувања. Во народната традиција, освен жените кои ги носеле, обетки можеле да носат и синовите  единци и тоа било знак дека немаат браќа и сестри (тоа биле само алки кои се носат само на едно уво).

Обетките во модерното време

И денес обетките се еден од најчестите украси што ги носат и мажите и жените. Исклучително се практични, бидејќи ништо не може да им се закачи, па и оние кои избегнуваат да носат накит, затоа што им пречи, обетките можат да ги носат секојдневно. Модерните обетки се мали, ситни и оние кои висат како алки. Имаат и различни методи на закопчување, некои се на шраф,  на руско копче или  на штипка.

Денес обетките, освен од благородни метали и камења, се изработуваат  од пластика, дрво, нерѓосувачки челик, од разна ткаенина и вештачки пердуви. Основата на сите нив е металот од кој се изработува копчето, а овој вид накит се нарекува бижутерија. Во меѓувреме во светот на модата се развиле и некои правила за носење обетки, и секое отстапување  од тоа правило може да укаже на  лош вкус.

Обетки кои висат

Долгите обетки кои висат, во зависност од нивниот дизајн, се носат со подигната или пуштена коса. Но, ако се обетките впечатливи и во многу бои, би требало остатокот од гардеробата да биде сведен на минимум и се разбира не многу шарен. Главно овие обетки се носат во вечерните часови и не би требало да се комбинираат со впечатлив ѓердан.

Алки

Дефинитивно, најраспространет накит се алките, кои можат да се носат секојдневно или оние огромни кои се носат само во вечерните часови. Се изработуваат од најфините метали, злато и сребро, но и од други материјали. Денес можат да се најдат алки со различни дезени и дизајнери, постојат комбинации од злато и сребро, со натпис, со камења. Тие одлично изгледаат доколку се носат со пуштена коса, а со нив може да се носе и дискретен ѓердан.

Обетки со камења

Обетките со скапоцени камења се исклучително скапи и отсекогаш  биле знак на социјален статус. Обетките со големи камења биле доста посакувани и затоа биле правени и нивни копии, со големи камења. Овие обетки биле изработувани во ‘80-тите години во минатиот век, а денес евтините копии се сметаат за врв на лош вкус.

Од друга страна, обетките со вистински камења и денес се доста популарни, и во зависност од големината на каменот се носат во текот на денот (мал камен) или само во текот на вечерните часови (големи камења) и  главно ги носат само припадниците на кралските фамилии.

 

 

Scroll to Top