Кога накитот зборува во име на носителот

Времето кога е создаден првиот накит не може со сигурност да се утврди. Познато е дека уште во времето на неолитот луѓето изработувале парчиња накит. На почетокот го правеле од камени мониста, школки, коски од животни, пердуви. Со тек на времето накитот станувал сѐ поважен и за негова изработка се користат пофини материјали. Единственото нешто што не се менувало во текот на долгиот период е неговата функција. Отсекогаш накитот бил слика за носителот.

Накитот бил многу ценет кај Грците и Римјаните

Како што рековме, накитот е лична карта на оној што го носи. Тој зборува во името на оној што го носи и ја претставува неговата индивидуалност и способност да се изразува. Сето тоа го знаеле Грците и Римјаните. Самите Грци биле многу вешти во изработка на накит во боја. Иако техниката била едноставна, тие за изработката користеле скапоцени и полускапоцени камења, па така накитот бил изработен од бисери, амтисти и смарагди. Старите Грци исто така носеле и кратки ѓердани од школки. Во Римската Империја најценет бил накитот изработен од бронза и злато. Мажите носеле огромни златни прстени, а кај жените многу ценет бил накитот од бисери и стаклени мониста, особено ѓерданите. А и обетките биле многу популарни.

Детаљ што се среќава низ вековите

Колку е накитот популарен зборува и фактот што никогаш не излегува од мода. Вистина е дека врвот на изработка и дизајн го достигнува во барокот. Тогаш биле користени многубројни материјали за да се изработи. Освен злато, користени се и бисери и скапоцени камења. Но, тоа било и време кога накитот бил знак за препознавање на која класа припаѓаат луѓето. Ако некој носи дијаманти, било јасно дека припаѓа на кралското семејство.

Современото време го цени и стариот накит

И денес накитот се користи како што е било и пред многу години. Било да станува збор за моден или уметнички детаљ, едно е сигурно – накитот зборува во името на оној што го носи. Дискретните и минијатурни парчиња накит одговорат на интровертните особи, а големиот накит го носат слободоумните личности. Во последно време во мода се и ретро парчиња, кои многу добро се вклопуваат во класичниот стил. За накитот многу е важно да се знае да се комбинира со другите предмети од облеката. Понекогаш лошиот избор може да го наруши целиот концепт и да не изгледа добро. Затоа е потребно да се следат и да се почитуваат одредена правила кога станува збор за комбинирањето. Особено кога станува збор за ѓердан. На фустанот со деколте и без ракави му одговара краток ѓердан околу вратот. Никако ѓердан кој е голем или долг, во спротивно дава контра ефект. Длабокото деколте многу добро се сложува со кратки ѓердани со предмети што висат, а деколте со ракави се сложува со дебел, а краток ѓердан. Дали тоа ќе биде модерна или античка варијанта зависи од вас.

Scroll to Top