Српската манекенка Симона Андрејиќ го тужи милијардерот од Кина, Чин Чу ѝ му бара отштета од неколку милиони долари, откако во 2019 година доживеала несреќа на неговиот имот во Њујорк.
Несреќата се случила во Весчестер во Њујорк. Чу тој ден поканил група млади модели да го посетат неговиот дом, а Симона со нејзиниот автомобил прво удрила во дрво, а на крајот завршила на платформа 50 метри над земја. На спасувачите ѝ требало два часа да ја извлечат.
Била префрлена во најблиската болница, а потоа со хеликоптер однесена во болницата Yale New Haven. Карлицата ѝ била скршена на неколку места, па на крајот завршила во инвалидска количка. Се здобила и со повреда на раката.
По несреќата Чу ветил дека ќе се погрижи за неа. Ја сместил во хотел со пет ѕвезди ѝ го дал неговиот луксузен ролс ројс за да може со него да оди на прегледи. Ѝ понудил и отштета од неколку илјади долари месечно до крајот на 2019 година.
View this post on Instagram
Но и покрај тоа, таа го тужи за повеќмилионска отштета. Чу ѝ се заканил дека ќе ѝ ја скрати помошта, но таа истрајала во намерата.
Доброволно го напуштила хотелот и одлучила да го тужи. Некои од медиумите пренесоа дека милијардерот ѝ се заканил и се обидел да ја заплаши. Симона била во инвалидска количка неколку месеци, но закрепнала и се вратила на кариерата.