„Адидас“ ги претстави новите слушалки кои не мораат да се полнат

Во време кога брендовите се обидуваат да се истакнат на пазарот со слични производи, последните година дена се појави тренд на безжични слушалки кои се напојуваат соларно. Компанијата „Адидас“ виде идеална можност да ги претстави Adidas RPT-02 SOL.

Дизајнот на новите „Адидас“ слушалки не е нов. Се засновуваат на Adidas RPT-01 моделот кој стигна на пазарот пред неколку години, со една голема промена.

Во соработка со компанијата Exeger и Zound Industries, германскиот производител одлучи да вгради Powerfoylesolarni панел во лентата за глава RPT-02 SOL слушалките, за да апсорбира светлина од  каков било вид, природна или вештачка и на тој начин да ја наполни батеријата.

Како слушалките се полнат, сè додека светлината допира до нив, дури и да станува збор од светлина од ноќна лампа, речиси е невозможно да се испразни батеријата.

Доколку купецот долго време го минува денот без допир од домашна светлина, на пример доколку седи во пештера, батериите од овие слушалки можат да работат 80 часа без да се полнат.

Ова само по себе е импресивна бројка. Иако не се водоотпорни, слушалките поседуваат IPX4 ознака која гарантира дека ќе бидат заштитени од пот и вода, што ги прави идеални за тренинзи, а лентата за галва во перниќињата за уши може да се извади и да се измие доколку се извалка.

За разлика од RPT-01, моделот овие слушалки поседуваат контрола на допир, наместо физички копчиња.

„Светлината отсекогаш била позитивен извор на енергија за луѓето, а сега можеме да се потпреме на неа за да ги напојуваме слушалките. Важно е да продолжиме да ги развиваме најдобрите иновации во својата класа и да ги поместиме границите на технологијата за носење. Создавање на Adidas RPT-02 SOL ни овозможува да ги тестираме тие граници и да ја одржуваме музиката, така што спортистите можат да се фокусираат на нивните перформанси без да се грижат за празнењето на батеријата“, вели Андерс Олсон од Zound Industries.
Ова не се првите слушалки на пазарот кои се напојуваат соларно, но се првите од ваков вид кои се наменети за спортски активности. За оние кои сакаат да ги купат, тоа ќе можат да го направат од 23 август по цена од 229 евра.

 

Scroll to Top