Во етно селото „Монтенегро“ во Бресна, Пива по 11 пат се одржа натпревар во лежење кој е единствен во Европа. На овој натпревар во Црна Гора пријавени се девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград кои ќе се борат за парична награда од 350 евра.
Минатогодишниот рекорд го постави Дубравка Алексиќ од Подгорица, која стана по 117 часа лежење.
Организаторите на натпреварот потсетуваат дека правилата не се променети во однос на минатата година и дека натпреварувачите очекуваат бројни награди.
„Јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон, сè е дозволено освен станување. Одењето во тоалет е дозволено на секои осум часа. Првата награда е 350 евра, додека вредноста на утешните награди е околу 500 евра. Првонаградениот добива и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и многу други награди од спонзорите“, велат организаторите.