На социјалните мрежи се појави видео кое ја открива лошата страна на најпопуларниот бренд за кафе „Старбакс“. Односно сплотеноста на вработените додека го напуштаат работното место бидејќи нивниот колега Сем Амато бил неправедно отпуштен по 13 години работа. Видеото објавено на Тик-ток има над 26 милиони прегледи.
„Кога целиот објект излегува откако раководството неправедно го отпушта вашиот колега затоа што е синдикален лидер“, стои во описот на објавата под која следеа бројни коментари.
Меѓу другото, корисниците на Тик-ток му изразиле поддршка на Сем, но и го пофалиле овој неверојатен потег, а дел од фановите на овој бренд за кафе признаа и дека тоа „ги натерало да размислат дали и понатаму ќе им биде омилен“, додека некои од претходните вработени во „Старбакс“ се потсетиле на нивното искуство.
@sbworkersunited @Starbucks is this what you want to be known for? #starbucks #unionbusters #howardschultz #mellodyhobson #workersrights ♬ No Hands (feat. Roscoe Dash & Wale) – Waka Flocka Flame