Бијонсе и Џеј Зи со луксузна јахта, телохранители и дадилки на одмор во Хрватска

Бијонсе и Џеј Зи се на одмор во Хрватска. Тие престојуваат во јахта закотвена на јадранското крајбрежје кај Цавтат. 

Парот на јахтата престојува со трите деца, кои имаат послуга, телохранители и дадилки. Ова не е првпат музичките ѕвезди да се во Хрватска. Тие во 2009 година беа фотографирани во Дубровник и Цавтат, а одморот во тој период ќе им остане во сеќавање поради инцидентот во кој нивниот телохранител нападна хрватска новинарка. Епилогот на инцидентот беше прекршочна пријава и парична казна, која нивна вработена морала да ја плати поради нарушување на јавниот ред и мир.

Нивната јахта денеска се упати кон Корчула, каде што секогаш ја посетуваат, а се верува дека како и секој пат кога ќе бидат во Хрватска, ќе го посетат и малиот остров Врник, каде ќе уживаат во медитеранските специјалитети. При претходната посета тие направија заедничка фотографија со домаќините во Врник, која ја објавија многу подоцна, почитувајќи ја приватноста на нивните познати гости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vrnik Arts Club (@vrnik.arts.club)

Scroll to Top