Јахта долга 40 метри потона во Средоземното Море. Италијанската крајбрежна стража спаси девет лица, четири патници и пет членови од екипажот, пренесе Би-би-си.
Јахтата пловела од Галиполе, полуостров во јужниот дел на Источна Тракија, во европскиот дел од Турција кон Милаца, кога потонала. Потонала на 15 километри од марината Катанзаро во Калабрија, на југот на Италија. Надлежните ги истражуваат причините за инцидентот.