Првата девојка на Илон Маск ги продава нивните заеднички фотографии од студентските денови

Првата девојка со која се забавувал милијардерот Илон Маск, Џенифер Гвин, ги продава на аукција нивните заеднички фотографии од студентските денови. Фотографиите се од времето кога тие двајца студирала на Универзитетот Пен.

 

Парот бил заедно една година, а за тоа време таа ја запознала неговата мајка Меј, браќата и сестрите и дознала сè за неговите планови за електрични автомобили.

Џенифер, која денес е во брак и живее во Јужна Каролина, одлучила да ги продаде заедничките фотографии со Маск со надеж дека ќе собере пари за школарина за посинокот со кој го дели животот.

Фотографиите од Маск и Џенифер ексклузивно ги објави „Дејли меил“. Гвин за британскиот медиум изјавила дека нивната романса била слатка, но дека недостасувало блискост и јавно разменување нежност бидејќи Илон се спротивставувал на тоа.

Раскинале во 1995 година, кога неговата врска со првата сопруга достигнала сериозно ниво. Џенифер истакнала дека Маск се гледал со Џастин додека сè уште траела нивната романса.
Парот се запознал есента 1994 година, а Маск ја освои Џенифер со кинеска храна од локален ресторан надвор од кампусот.
Scroll to Top