Мек Радерфорд кој има 17 години е официјално најмладиот пилот кој соло го обиколи светот. Пилотот тинејџер тргнал на 23 март 2022 година, за да го оствари својот сон и да постави нов светски рекорд. И неговата сестра Зара Радерфорд, собори два рекорда во авијација претходно оваа година.
52 земји и пет континенти, Мек се врати во Софија на 24 август 2022 година, означувајќи го крајот на неговото патување околу Земјата. Роден е во јуни 2005 година од белгиски и британски родители. Кога Мек тргна на својот рекорден лет, тој имаше само 16 години, и својот 17. роденден го прослави во авионот што му донесе две титули за Гинисов рекорд.
Исто како и неговите колеги рекордери и неговата постара сестра Зара, која собори два рекорди во воздухопловството оваа година, Мек се соочи со предизвикот сосема сам. Тој патувал само на дневна светлина, а поради ограничената големина на неговиот авион бил принуден повремено да слетува кога временските услови биле критични. 17-годишното момче патувало вкупно шест месеци, приспособувајќи се на промените на рутата во последен момент, а исто така овој предизивик му овозможил да запознае луѓе ширум светот кога слетувал.
Тој никогаш не престанл да се смее, да се шегува и да ги ажурира своите следбеници за секој чекор од амбициозното патување.
Тој се соочил со поголеми проблеми откако пристигнл на Каско Ков, остров на Алеутскиот архипелаг и најпредизвикувачкиот сегмент од неговиот лет. Овој дел од патувањето било уште покомплициран поради неповолните временски услови. Мек се борел со силни ветрови и дожд по приближно 10 часа непрекинато летање над отворена вода. Иако ги очекувал предвидените задни ветрови, ненадејните силни ветрови го забавиле неговото патување и го принудиле младиот пилот да слета во Ату.
View this post on Instagram