Глечерите се топат со голема брзина, загрижени швајцарски научници

Големите глечери се топат со неверојатна брзина, се вели во новата студија која ја направиле научници од Универзитетот во Цирих ETH и Швајцарската истражувачка установа за шуми, снег и предели. Студијата е објавена и во научниот магазин „Кристофер“.

Во неа е наведено дека глечерите изгубиле 50% од својата големина во периодот меѓу 1931 и 2016 година. Експертите споредиле повеќе од 20.000 архивски снимки со актуелни мерења.

„Ако ја знаеме површината на некој глечер во два различни временски моменти, тогаш можеме да ја измериме разликата во големина“, објаснува главниот автор на студијата Ерик Шит Манерфелт.

„Нашата споредба меѓу 1931 и 2016 година, јасно покажува дека во тој временски период дојдено е до значителен губиток на ледот“, објаснува неговиот колега Даниел Фариноти.

Од 2016 година топењето на ледот дополнително е забрзано, судејќи по податоците на Гламос, мрежата за мерење на глечерите. Според тие податоци, волуеменот во изминатите шест години  е намален за дополнителни 12 проценти.

Не сите глечери се подеднакво погодени, велат научниците.

„Во која мера глечерот ќе се намали, зависи главно од три фактори. Прво од надморската височина на која се наоѓа, за тоа колку е рамна површината на која се наоѓа крајот на некој глечер и за тоа во која мера глечерот е покриен со шут“, тврдат во ETH.

Во дваесетите и осумдесетите години од минатиот век, голема маса на некои од глечерите во некои делови и пораснала.

„Дури и ако се случило во краток период да се забележи пораст на масата, свеедно е важно да се внимава на целосната ситуација“, рече Фариноти.

И глечерите во Италија во последно време изгубиле значителен дел од површината.

Глечерот Индрен само во минатата година се повлекол за 40 метри, а во изминатите две за повеќе од 60 метри, пишува весникот „Република“, повикувајќи се на наводи од Италијанскиот гласиолошки одбор.

„Топењето на глечерите со такви размери, не е забележано во изминатите 50 години“, велат научниците.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top