Пејачот Џордан Најт (53), од најпопуларниот бој-бенд „Њу кидс он д блок“, тајно се венча со својот партнер Харли Родригез. Тие се запознаа 2008 година, а се свршија во 2016 година. Најавија дека ќе се венчаат лани, но ја одложија свадбата поради ковидот.
„Сакавме да се венчаме на нашата фарма под шатор, а потоа веселбата да ја продолжиме на имотот. Сè беше спремно, но поради короната моравме да откажеме од идејата за голрема романтична свадба“, рече Најт за магазинот „Пипл“.
Џонатан се прослави кон крајот на 80-тите кога со својот брат Џордан, Џои Мекинтајар, Дони Валберг и Дени Вуд го формираа првиот бој-бенд во светот, „Њу кидс он д блок“. Бендот кој се распадна во времето на најголемата популарност, се обедини пред неколку години и денес повремено одржуваат концерти низ Америка. Тие најавија и голема турнеја низ САД оваа есен, кога ќе пеат во 50 градови низ земјата.