Српската пејачка Марија Шерифовиќ на улица среде Белград направила скандал. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека пејачката вреска на улица во Белград, пред автомобил запрен среде пат.
Марија пцуе и се приближува до автомобилот застанат среде улица и удира со тупаници, а непозната девојка што е со неа пробува да ја смири.
„Иако тоа не е ничија грижа, приватно добив лоши информации. Единствениот на кој треба да му се извинам е мојот автомобил и сите што можеби сум ги разбудила“, изјавила Марија за српски Курир.
По ова на социјалните мрежи коментираа дека изгледа скандалот не е толку голем, дека колата во која што удира Марија е нејзина.
Marija Šerifović pravi haos u centru grada! pic.twitter.com/mD59rodPTS
— Lovac na neke od njih! (@Sabljalo) August 27, 2022