Џони Деп во вселенски костум на Ем-ти-ви наградите: Ми треба работа, достапен сум за свадби и погреби

Џони Деп на MTV „Video Music Awards 2022“, се појави лебдејќи над сцената во скафандер, што е негово прво големо појавување во јавноста по судењето на Амбер Херд.

Додека Џони Деп во позадина на видео бим се појави и рече „Ми треба работа! Сакам само да знаете дека сум достапен за родендени, свадби, погреби“, се пошегува Деп.

Алудирајќи на неговата драма со поранешната сопруга, за која тврдеше дека изгубил понуди за нови улоги. Ова негово појавување на музичкиот настан предизвика различни реакции, а луѓето на социјалните мрежите масовно споделуваа и коментираа.

Дел од нив коментираа дека жалат што МТВ му дале простор на Џони Деп, други пак со поддршка за актерот, легендата е будала се само дел од коментарите.

И самиот актер го сподели овоа видео на својот Инстаграм профил и во описот за своите 27,5 милиони следбеници напиша: „Погодете кој е? #VMAs“.

МТВ на 1 август 1981 година беше лансиран со снимката на НАСА од историското слетување на Аполо 11 во 1969 година со поставено знаме на МТВ на Месечината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clean Magazin (@cleanmagazin)

Scroll to Top