Пејачката Северина вчера беше приведена во Загреб откако полицајците во Сплит пратиле барање за нејзино приведување поради кривична истрага. Причината била тепачка која се случила во домот во мајката на Северина . Пејачката се тепала со сестра си.
Според пријавата на сестра ѝ Маријана, пејачката околу еден часот по полноќ и се нафрлила, па двете сестрите се удирале со шамари и се тепале, по што пејачката си отишла, а нејзината сестра отишла во болница.
Таа имала модринки по главата и грбот, а лекарите констатирале и исеченици на телото. Сплитската полиција врз основа на пријавата започнала потрага по пејачката, која потоа била приведена на аеродромот во Загреб, а по приведувањето се огласила мајката на пејачката, Ана Вучковиќ.
“ Маријана се појави од нигде никаде, се фрли по скалите и не и не ѝ е прв пат да ја пријави сестра си, рече таа, а пренесува Вечерњи лист.
Според друга верзија, сестрата на Северина, Маријана, лажно ја пријавила пејачката за нанесување телесни повреди. Наводно таа дошла во станот во кој живеат мајката и тетката на Северина и таму ја затекнала пејачката, која ја нападнала и повредила. Северина си заминала, а Маријана почнала да удира по вратите на станарите и да плаче, фрлајќи се по скалите за да се повреди.
Уапсена Северина на аеродромот во Загреб, се тепале со сестра ѝ во станот на нивната мајка