Автомобилистот Игор Стефановски Иџе објави ретка фотографија, на едно место три спортски легенди. Иџе е фотографиран со селекторот на ракометната репрзентација Кире Лазаров и поранешниот капитен на фудбалската репрезентација Горан Пандев.
Фотката на социјалната мрежа Фејсбук собра повеќе од 20 илјади коментари, а Иџе напиша „Македонска сила“.
„Најголемите амбасадори на Македонија во своите спортови“, „Најдобрите на една фотографија! – Благодарност за се што правите за спортот во Македонија“, „Светско, а наше“, беа дел од коментарите на фановите.