Џеф Безос љуби новинарка, милијардерот има нова девојка

Милијардерот Џеф Безос на премиерата на новиот филм „Господарот на прстените: Прстените на моќта“ се појави со новата девојка новинарката Лорен Санчез. Премиерата на филмот се одржа на плоштадот Лестер во Лондон.

Тој беше облечен класичен црн костум и бела кошула, додека неговата партнерка за оваа пригода одбра црвен фустан и сребрени сандали.

Медиумите шпекулираат дека наводно двојката е верена откако на фотографиите се гледа голем прстен на раката на Лорен, но засега оваа информација не е потврдена.

Љубовната врска Безос и Санчез наводно ја започнале додека тој бил во брак со Мекензи Скот, а Лорен била во брак со извршниот директор на холивудската агенција WME Патрик Вајтсел. Безос се разведе во 2019 година и тоа е еден од најскапите случаи на развод на сите времиња.

 

Scroll to Top