Холивудските ѕвезди во свечени фустани се појавија на седумдесет и деветтото издание на Венецискиот филмски фестивал, кој по три години пауза се одржа без никакви ограничувања.
На црвениот тепих се појавија актерите од филмот кој го отвори фестивалот „Шуштење“ на Ноа Баумбах.
„Сите доаѓаат. Засега нема најави за откажување меѓу главните ѕвезди на сите филмови кои се во официјалната селекција“, вели директорот на фестивалот, Алберто Барбера.
На отворањето на фестивалот кој ќе трае десет дена се појавија актерите од „Шуштење“, Грета Гервиг, Џоди Тарнер-Смит, Адам Драјвер и Дон Чидл.
Помеѓу гостите на премиерата беа и бившата прва дама на САД, Хилари Клинтон и бразилскиот супермодел Алесандра Амброзио.
Претседателката на жирито, 61-годишната Џулиен Мур, блесна во фустан на модната куќа „Валентино“.