(Видео) Младенци од Грција се венчаа под вода во близина на островот Алонисис

Пар од Грција направија венчавка на дно на море. Петрос и Мирта се венчаа во близина на островот Алонисис.

Младенците се погрижиле за секој детал. Пред церемонијата земале часови по нуркање, за се да помине во најдобар ред. Невестата имала и венчаница, а под вода имале и свадбени украси. Присутни на дното на морето биле две деверици, претседателката на Комитетот за туризам Марија Агалу која ја преземала организацијата на венчавката, како и тројца нуркачки инструктори.

Гостите не можеа да бидат под вода, па церемонијата ја следеа на директниот пренос на плажа. Во Алонисос, ова беше првата подводна граѓанска венчавка во Грција. 

Scroll to Top