Џејн Фонда објави дека се лекува од рак

Холивудската актерка Џејн Фонда има рак и оди на хемотерапија. Таа во објава на Инстаграм, кажа дека ѝ е дијагностициран нехоџкинов лимфом.

„Овој вид на рак се лекува, така што имам среќа“, напиша Фонда.

84-годишната Фонда,  ја искористи ситуацијата за да укаже на состојбата со здравствената грижа во САД.

„Среќна сум зашто имам здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари и третмани. Сфатив, што е болно, дека сум привилегирана поради тоа. Речиси секое семејство во Америка мора да се соочи со ракот во некој момент, а голем дел од нив нема пристап до квалитетна здравствена грижа и тоа не е во ред“, вели Фонда.

Нехоџкинов лимфом е помалку вообичаен вид на рак кој се развива во лимфниот систем.

Актерката која во меѓувреме ќе биде на хемотерапија истакна дека во тој период нема да прекине со климатскиот активизам.

Scroll to Top