Бразилската манекенка Жизел Бундшен и играчот на НФЛ Том Брејди моментално се скарани, пишува „Пејџ Сикс“.
Манекенката го напуштила семејниот имот на Флорида за Костарика по серија жестоки расправии околу одлуката на Брејди да продолжи да игра за Националната фудбалска лига и покрај неговата претходна одлука да се пензионира.
„Том и Жизел моментално се скарани“, изјавил извор близок до парот за „Пејџ Сикс“, додавајќи дека тоа се случувало и претходно.
Веста доаѓа откако ѕвездата на американскиот фудбал пропушти 11 дена од тренинзите во август.
На прашањето за неговото исчезнување, Брејди рече дека тоа е лична работа.
„Секој има различни ситуации со кои се справува. Сите ние имаме навистина уникатни предизвици во животот. Имам 45 години, се случува“, објаснил тој.
Двојката се венчаше во 2009 година и има две деца, 14-годишниот Бенџамин и 9-годишната Вивијан.
„Имаа проблеми во бракот поради неговата одлука да се пензионира. Жизел секогаш беше таа што ќе биде со децата.Тие се договорија дека тој ќе се пензионира за да се фокусира на семејството, а потоа ќе го промени своето мислење“, изјавил изворот.
Во мај, 42-годишната Бундшен изјави за британски Вог дека мисли дека врските не се едноставни, иако многумина сакаат да веруваат во тоа. Потребна е работа, рече Жизел за да бидете во склад со некого, особено откако ќе имате деца.
Токму кога Брејди се предомислил за пензионирањето, Бундшен повторно почна да работи, а моментално снима нова кампања за Бурбери.