Канадската инфлуенсерка и тиктокерка, Тања Пардази почина во трагична несреќа со падобран.
21 – годишната Пардази скокала со падобран во Торонто, паднала и починала на местото на несреќата.
Таа била студент по филозофија на Универзитетот во Торонто, и влијателен личност на социјалната мрежа Тик Ток со повеќе од 95.000 следбеници.
Таа штотуку го завршила својот соло час на „Скајдајв Торонто“, а фаталниот пад се случил кога таа првпат скокнала сама.
„Таа навистина ја живееше секоја секунда до максимум“, изјавила нејзината пријателка Мелоди Озголи.
Кимија Сепанлоу, друга пријателка, ја нарече Пардази една од најхрабрите девојки.
Пардази, исто така, била и полуфиналистка на натпревар за Мис на Канада.
Полициската служба Јужен Симко го потврдила инцидентот во соопштение. Навивачкиот тим на Универзитетот во Торонто Скарборо и оддаде почит на покојната ѕвезда на социјалните мрежи и споделија фотографија со неа.
„Засекогаш дел од нашиот тим и во нашите срца, Тања Пардази беше еден во милион“, се вели во описот.
View this post on Instagram