Поп-ѕвездата Бритни Спирс објави ново видео на кое е топлес, па им кажа на своите синови Шон и Џејден дека нема да престане да постира на Инстаграм само затоа што тие се срамат од неа. Пејачката е во долна облека без градник и ги покрива градите со косата и со шапка. Ова се случува една недела откако во јавноста се пишуваше дека синовите се срамат од голите слики на пејачката и затоа не ѝ дошле на свадбата.
„Деца, ве молам извинете, но ќе продолжам да постирам на социјалните мрежи. Жал ми е што се чувствувате како да го правам ова за да привлечам внимание. Жал ми е што се чувствувате вака. Но, знаете што? Имам новости за вас. Јас сум Божјо дете, како и сите ние што сме деца во божјите очи, па не, не ми е жал. Научив да го кажам тоа што го мислам,“ напиша Бритни.
Пејачката додаде и дека не успеала да се израдува на дуетот што го сними со Елтон Џон, нејзина прва песна по шест години.
View this post on Instagram