Меган лажеше кај Опра кога рече дека син ѝ нема да стане принц поради бојата на кожата

Меган Маркл лажеше во интервјуто кај Опра Винфри, минатата година, кога ѝ кажа дека син ѝ Арчи нема да стане принц поради бојата на кожата, пренесе Индекс.хр. Во разговорот таа имплицираше дека син ѝ не станал принц и не го добил осигурувањето поради бојата на кожа.

Таа не ѝ рече на Опра дека во моментот кога се роди Арчи, тој немал право да стане принц, како ни дека децата во кралското семејство не можат да го добијат осигурувањето, туку истото го делат со нивните родители.

Ова правило важи од 1917 година, а го донел кралот Џорџ Петти, дедото на кралицата Елизабета Втора. Децата и внуците на монархот се тие кои добиваат титули, а не и паравнуците, што беше случај со Арчи.

По смртта на кралицата Елизабета, децата на Меган, Арчи и Лилибет, станаа принц и принцеза. Ова ќе биде така додека британскиот крал Чарлс или некој во иднина по него, не одлучи да ја прекине традицијата и да ги промени правилата. Чарлс и претходно јавно говореше дека сака во иднина да го намали бројот на членови на кралското семејство.

Меган кај Опра исто така рече дека кралското семејство разговарало за таквите промени на правилата, само за да го спречат Арчи да ја земе својата титула на принц. Таа објасни дека одлуката ја донеле додека уште била бремена со Арчи и тврди дека идејата произлегла од загриженоста дека Арчи во иднина ќе биде со темен тен.

Според моменталната линија на наследување на тронот, Арчи и Лилибет, кои живеат во Калифорнија со родителите, сега се шести и седми во редот за британскиот престол. Пред нив се чичко им, принцот Вилијам и неговите три деца, Џорџ, Шарлот и Луис, а по нив доаѓа Хари.

По смртта на кралицата Елизабета, Чарлс му наредил на Хари да не ја носи Меган во дворецот Балморал

 

Scroll to Top