По смртта на кралицата Елизабета, Чарлс му наредил на Хари да не ја носи Меган во дворецот Балморал

Кралот Чарлс му рекол на принцот Хари да не ја носи сопругата Меган Маркл во дворецот Балморал, додека тој и другите членови на кралското семејство допатувале за да бидат покрај кралицата Елизбаета, пренесе „Дејли Мејл“.

Како што пренесува британскатите медиуми, вистинска драма се одвивала за време на смртта на кралицата, која почина на 96 години. Главни актери биле војводата и војвотката од Сасекс.

Пред сè, случајно беше што Хари и Меган беа во Британија кога состојбата на кралицата се влоши, што ги поштеди од повеќечасовниот лет преку Атлантикот. Британските медиуми потсетуваат дека принцот Хари отсекогаш бил близок со баба му и секогаш имал одличен однос.

Но, работите тргнаа во спротивен правец, кога Хари и Меган најавија дека ќе си заминат од дворецот Балморал, каде кралицата ги мина своите последни моменти.

Според британски „Сан“, принцот Хари бил во Фрогмор, каде добил повик од татко му, сега кралот Чарлс, кој го замолил да не ја носи Меган во Шкотска.

 

„Чарлс му рече на Хари дека не е во ред Меган да биде во Балморал во време на вака голема тага“, рече извор близок до кралското семејство за британски „Сан“.

„Речено му е дека нема да дојде ни Кејт Мидлтон и дека посетата ќе биде ограничена само на членови од најблиското потесно семејство“, додаде тој.

Изворот рече дека Чарлс особено нагласил дека Меган нема да биде добредојдена во Балморал.

„Дејли Мејл“ шпекулира за тоа што навистина се случило во оваа прилика. Додека некои тврдат дека Хари и Меган не размислувале за тоа дека ниту сопругата на Вилијам нема да биде во замокот, па се согласиле со одлуката таа да не оди ниту во Балморал, други велат дека Чарлс буквално ѝ го забранил пристапот, што е дочекано со олеснување кај остатокот од семејството.

 

Scroll to Top