Овен
Внимавајте, безопасна ситуација може да ве доведе до голема борба. Добро размислете пред каква било реакција. Личноста што не сте ја забележале досега може да ви влезе под кожа. Не ни забележавте дека се почесто сте околу неа. Нова деловна понуда не е она што го сакате. Не опуштајте се премногу кога станува збор за храната.
Бик
Заситеноста што ја чувствувате е минлива, затоа не правете големи промени без претходно размислување. Премногу сте чувствителни и немате реална слика за саканата личност. Ќе успеете во сè што ќе започнете. Здравје, главоболка.
Близнаци
Денеска ќе ви биде тешко да ги контролирате емоциите. Вашата потреба за слобода може да развие напнатост и нервоза во кругот на семејството. Повторно се враќате назад во времето и посакувате да запознаете една личност. Не двоумете се премногу кога е работата во прашање. Здравје, пад на енергијата.
Рак
Денеска може да очекувате многу работа, но и хармонија со околината. Нема да можете сами да правите лоши работи. Имате повеќе среќа од вообичаено во љубовта. Можна е некаква загуба на пари. Здравје, настинка.
Лав
Не само денес туку и во текот на целиот месец мора да внимавате да не брзате. Не донесувајте ненадејни одлуки. Може да комуницирате со личност која ви се допаѓа веќе некое време на многу лесен начин. Не пропуштајте ја шансата да разговарате ако сте сингл. Можни се пократки патувања. За некои припадници на знакот тие се поврзани со работата, за други со нешто сосема друго. Здравје, потребен ви е поквалитетен сон.
Девица
Ќе обновите некои контакти или веќе сте го направиле тоа во претходните денови и сега добро размислете зошто тие врски биле прекинати. Понекогаш е подобро да се донесе погрешна одлука отколку воопшто да не се донесе. Внимавајте на трошењето пари. Здравје, пијте доволно течности.
Вага
Судир на мислења со една личност може да ви го уништи денот. Бидете мирни бидејќи сте свесни дека личноста спроти вас само се лаже себеси. Не одложувајте го донесувањето важна одлука бидејќи вашата сакан/а може да го изгуби трпението. Не откривајте што сте планирале за следниот период. Здравје, движете се повеќе.
Скорпија
Во наредниот период ве очекува успех. Можеби не би било лошо да се играат игри на среќа. Изгледате отсутни, а вашата сакана покажува загриженост. Можеби некој дел од работата ќе ви биде многу тежок, но не откажувајте се поради тоа. Здравје, можна главоболка, особено кај оние кои се на диета.
Стрелец
Погрешно проценувате некои луѓе затоа што ви одговара, но и самите знаете дека не е фер. Не дозволувајте ништо да влијае на вашиот љубовен живот. Не сте задоволни со финансиите, или сте, но парите брзо ви се трошат. Здравје,в аријација на крвниот притисок.
Јарец
Можеби ќе имате важен состанок. Обидете се да бидете опуштени и да оставите добар впечаток. Не ве интересираат големи промени, сакате сè да биде безбедно како што е. Позитивни вести за сите инволвирани во надворешни работи. Здравје, проверете ги вашите хормони.
Водолија
Целата енергија ја насочувате во правец на семејството. Имате одлични комуникациски вештини и оптимисти сте во секој поглед. Нагласената страст ве влече назад во некоја авантура. Задоволни сте од ситуацијата на работа. Здравје, грижете се повеќе за себе.
Риби
Ги завршувате работите во последен момент, но тоа е ваш избор или така се чувствувате во моментот и не можете да го направите тоа на друг начин. Врската која сте ја започнале дефинитивно може да прерасне во нешто позначајно, но внимавајте што правите ако веќе сте во врска. Ќе ја препознаете вистинската можност и ќе изберете што е најдобро за вас сега. Здравје, пазете се од повреди.