Омилениот појадок на кралот Чарлс Трети е составен од спанаќ, сирење и јајце. Станува збор за едноставен рецепт, кој беше објавен од страна на кралското семејство на социјалните мрежи.
За подготовка на ова јадење потребни ви се следниве продукти: 100 гр спанаќ прелијте го со топла вода да омекне, 1 свеж чери-домат, може и сушен, 35 g полумеко сирење, тоа се најчесто британски брендови, како што се Tunworth или Golden Cenarth, 1 јајце, 80 мл слатка павлака, 15 гр рендано тврдо сирење/пармезан, кралот јаде Old Winchester, свежи листови босилек и малку путер.
Начин на подготовка: мал сад за рерна премачкајте го со путер, а на дното ставете листови спанаќ, кои претходно сте ги омекнале во топла вода, оставајќи мала дупка во средината на садот. Доматот исечкајте го на четвртинки и наредете го врз спанаќот. Скршете го полумекото сирење над спанаќот помеѓу четвртините домат. Додајте ги искинатите листови босилек и зачините со сол и бибер.
Скршете го јајцето и ставете го во дупката во средината. Со кремот прелијте го спанаќот внимавајќи да не се прелее јајцето. Посипете со рендан пармезан и ставете во рерна на 180 степени 8-10 минути. Извадете го и оставете го малку да одмори пред да го послужите.