Бугарската песна „Васко жабата“, која изминатиот период стана хит на регионот, доби нова верзија.
Оркестарот „Камчија“, кој ја отпеал песната пред 20 години, поради популарноста што ја постига периодов одлучи да направи нов аранжман и видео.
Ангел Павлов, препознатливиот лик од спотот кој го пее вокалот, заменет е со Снежана Иванова како вокал.
Останатиот дел од оркестарот се фронтменот Борис Иванов на клавир, Недко Царев – гајда, Петар Иванов – хармоника и Петар Љубчев – кларинет.
Видео спотот на Јутјуб е објавен вчера, а поголем дел од коментарите на корисниците на оваа платформа се дека песната подобро звучи во оригинална верзија и дека недостасува вокалот Ангел Павлов.