Во чест на загинатата планинарка Калина Велевска ќе се одржи велосипедска тура до Кајмакчалан

Во сабота на 25 -ти септември ќе се организира велосипедска тура до Кајмакчалан посветена на планинарката Калина Велевска, која трагично загина во 2018 година кај Кајмакчалан заедно со Александар Миновски.

„На турата, другар на Калина ќе го вози нејзиниот велосипед. Во нејзино сеќавање и спомен ќе возиме до врвот Кајмакчалан, највисокиот врв на планината Ниџе“, стои во објавата за настанот.

Во случај на лоши временски услови турата ќе биде откажана.

Турата е со должина од 64км. (одење – враќање) со вкупна денивелација од 2.080м., искачување до 2.521м. Турата е категоризирана како многу тешка и е за велосипедисти со многу висока психо/физичка подготвеност.

 

Scroll to Top