Ема Донев (14), е Македонка која живее во Хрватска и влезе во финалето на светскиот натпревар на млади научници Breakthrough Junior Challenge. Информацијата е потврдена и на официјалната страница на натпреварот. Ема е единствениот претставник од Хрватска и Европската Унија.
Видеото објавено на Јутјуб има над 200 илјади прегледи.
Ема живее во Иваниќ – Град и ја освои Хрватска со своето познавање, иницијатива и желба да стане астрофизичар. Ема е одбрана од страна на стручното жири помеѓу 30 -те најдобри од вкупно 2.400 кандидати од целиот свет.
Во финалето кое ќе се одржи во Сан Франциско, познати светски научници ќе изберат победник кој ќе освои стипендија за посакуваниот колеџ во износ од 250.000 долари, како и реновирање на училиштето што го посетува во вредност од 100.000 долари. Победникот ќе го избере и наставникот кој го инспирирал и го поттикнал неговиот интерес за науката, а наставникот ќе биде награден со дури 50.000 долари.