Mакедонски ракометен тренер Андон Бошковски ненадејно почина вчера на на 47 годишна возраст. Веста ја соопшти Ракометната федерација на Македонија.
Бошковски беше роден на 5 октомври 1974 година. Тој како играч настапуваше за „Работнички“ како и за кадетската репрезентација на Македонија. Беше тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш, а последен ангажман имаше на Косово. Бошковски беше дел и од стручниот штаб на ракометната репрезентација на Македонија од 2008 до 2013 година. Неодамна почина и таткото на Андон, Лефтер Бошковски, кој беше еден од основоположниците на ракометот во нашата земја