Алек Болдвин на 64 години по осми пат стана татко

Алек Болдвин стана татко по осми пат се породи сопругата Хиларија и добија уште една ќерка. 64-годишниот актерот и неговата сопруга Хиларија Болдвин ја добија ќерката Иларија Каталина Ирена Болдвин. Таа се роди во четвртокот, на 22 септември.

Веста ја сподели Хиларија на социјалните мрежи.

“Многу сме возбудени да ви го претставиме нашиот мал сон. Нејзините браќа и сестри се толку возбудени и сите дебатираат на кого таа најмногу личи“, напиша 38-годишната поранешна инструкторка по јога.

Тие во  март потврдија дека повторно ќе станат родители.

Заедно имаат уште шест деца: Кармен (9), Рафаел (7), Леонардо (5), Ромео (4), Едуардо (2) и Марија Лусија (18 месеци). Алек ја има и 26-годишна ќерка Ајрланд со поранешната сопруга Ким Бесинџер.

Парот важи за еден од најстабилните во Холивуд, тие се во брак од 2012 година, по врската која траела неполна година. Во јуни славеа 10 годишнина од бракот.

 

Scroll to Top