Ми подари толку години живот со љубов, Пирс Броснан ѝ честиташе роденден на сопругата

Актерот Пирс Броснан ѝ честиташе роденден на сопругата Кели Шеј Броснан, која наполни 49 години. Ѝ посвети честитка што ја објави на социјалните мрежи.

„Среќен роденден моја драга Кели. Многу те сакам. Толку години љубов, живот, работа и игри. Одиме понатаму“, напиша Броснан ѝ објави фотографија од двајцата. Нивните пријатели се приклучија на честитките и ѝ посакаа убави желби.

„Најинспиративната двојка која кога било постоела. Те сакам многу среќен роденден кралице Кели“, ѝ напиша актерката Линди Бенсон.

Честитки доби и од манекенката Синди Крафорд, актеркатаРита Вилсон, пејачката Елиот Паулина Самер, глумицата Џејн Сејмур и многу други.

За потсетување, Пирс и Кели се запознаа во 1994 година, три години откако почина неговата прва сопруга од рак. Се венчаа во 2001 година и имаат два сина, Дилан и Парис.

Актерот го има и синот Шон, кој го доби од бракот со Касандра Харис. Кога беа во брак го посвои и нејзиниот син Крис, како и покојната ќерка Шарлот, која почина во 2013 година од тумор на јајчниците, исто како и мајка ѝ.

Броснан често зборува за тоа како Кели го спасила од депресија по трагедиите што го снашле. Ја опиша како сила без која не би можел да живее.

 

 

Scroll to Top