Игор Којиќ првпат во интервју прозборе за разводот со Северина, средбата со Милан Поповиќ и љубовта кон Александар

Бившиот сопруг на Северина Вучковиќ, Игор Којиќ, даде интервју за хрватски „Индекс“.  Тој раскажува за пријателството со Милан Поповиќ, синот на Северина и за односот со пејачката по разводот.

Игор Којиќ и Северина Вучковиќ беа во брак од 2015 до 2021 година. Којиќ никогаш не зборуваше пред медиумите за бракот и разводот со пејачката.

„Се трудам да бидам среќен, се радувам на иднината и добро ми оди. 
Семејството не е играчка, животот не е права линија и ниту еден развод не е лесен. Времето лечи сè, а јас се сеќавам само на убавите денови. Сигурно најубав спомен е Александар, кој влезе во мојот живот на негови 3 години, кога јас имав 26 години“, рекол Којиќ.

Ова лето Игор одлучи да замине на одмор на Хвар и веднаш штом пристигнал на Јелса, додека шетал го сретнал Александар, синот на Северина, првпат по две години.

„Таа средба не можам да ја опишам, беше многу емотивна за двајцата. Се шетав со сестра ми на брегот кога во еден момент помеѓу два чадора на еден ресторан го забележав тоа мало ангелско суштество како гледа во мојот правец. Ни се сретнаа погледите, Александар истрча кон мене и скокна во мојата прегратка која траеше, како велат, 10 минути, а за мене 10 часа. Се чувствував како да ме погоди ракета на љубовта. Во една секунда сè ми помина низ глава, а сигурен сум дека и нему му помина. Александар е дел од мојот живот колку и јас од неговиот и засекогаш ќе остане врежан во моето срце“, раскажал поранешниот сопруг на пејачката.

За средбата со Милан Поповиќ, Игор вели дека се сретнале спонтано во ресторан додека бил на Хвар.

„По нашата средба на Хвар, јас и Александар останавме во контакт. Често се допишувавме и повремено разговаравме на видеоповици, а едно утро Александар ми се јави да ми покаже игра. Брзо сфатив дека сум во селото кое често го посетува и дека многу го сака. Се разбира, му се јавив да дојде на мојот роденден, иако мислев дека не е лесно да се изведе тоа, но не поминаа ни 15 минути кога Алекс успеа да го убеди неговиот татко веднаш да го напушти Сплит и да дојдат заедно во селото на мојот дедо, кое е оддалечено 2 часа возење од Белград. Тоа беше најубавиот подарок што сум го добил за мојот роденден и му благодарам на Милан за тој голем човечки гест. Не би имал ништо против ако мајката на Александар е таму, тоа сигурно ќе биде приказна за Тарантино кој би имал полни раце работа“, рекол Игор Којиќ.

Игор потврдил дека нема никаква комуникација со Северина, но дека ја почитува. Па токму во таа ситуација, тој ѝ испратил порака на Северина дека тој и Александар се дружеле на Хвар и дека тој е на неговиот роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic)

„Ја известив и дека секогаш може да го донесе Александар кога сака. Во главата и во срцето одамна си го средив минатото и не би ми пречело да ми дојдат Северина и  Милан на роденден, и еве јавно ги поканувам на мојот следен роденден. Би било убаво да се случи тоа, а знам кој би бил најсреќен“, рекол Игор.

Којиќ во интервјуто раскажува за најблискиот соработник на Северина, за кој вели дека е суштество кое доаѓа од пеколот и дека тој е патолошки заљубен во Северина.

„Целиот негов заткулисен тим што не го гледате се занимава со многу гадни активности и секојдневно излегуваат со разни теории и упорно работат на влошување на и така нарушениот однос на родителите на Александар заради лични интереси. Првиот соработник на Северина одамна ги постави стандардите за сите нејзини ситуации“, вели бившиот сопруг на Северина, Игор Којиќ.

Тој раскажал дека блискиот соработник на пејачката создава омраза кон таткото на Александар.

„Но сето тоа не е изненадувачки ако се земе предвид дека е болен, на неприроден начин заљубен во Северина, што во неколку наврати ѝ го признал на нејзината мајка. Звучи како добар трилер, но тој филмски лик целосно го живее животот на Северина“, рекол Којиќ, кој додал дека на Северина ѝ велел дека децата се мали ѓаволи, ти го земаат целиот живот и на крајот те оставаат.

„Со ова може да се потврди колку тој човек мрази деца, додека од друга страна, Северина многу си го сака своето дете и жал ми е што тој волк, не во јагнешка туку во змиска кожа, создава злоба каде што има свила. Сфатив дека тој е една од клучните точки поради кои таткото на Александар има проблеми во комуникацијата и не сака неговото дете да расте во таа средина која влијае на сите односи и одлуки во воспитувањето на нивното дете. Му благодарам на Бога, немам повеќе допирни точки со нив, им посакувам сè најдобро во животот и Господ да ги благослови сите“, рекол Игор во интервјуто.




		
		
			
Scroll to Top