Деветте поранешни ангели на Викторија Сикрет се собраа не едно место, а тоа е насловната страница на магазинот „Мор ор Лес“
Иако светот ги знаеше како ангелите на Викторија од златната ера на манекенството, модните уредници и стилисти решија да ги променат препознатливите карактеристики по повод оваа фотосесија.
Покрај Кендис Свинапоел, Елса Хоск и Алесандра Амброзија, насловната страница на списанието „Мор ор Лес“ ја красеа и Стела Максвел, Сара Сампајо, Марта Хант, Лили Олдриџ, Леис Рибеиро и Леоми Андерсон.
Сите девет модели покажаа феноменална фигура во шарени и интересни комбинации. Според стилистот Кезако Парис, целта на овие облеки била да се истакне важноста на навидум малите нешта. Со други зборови, „она што некому му е неважно, на друг му е многу важно“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram