Молдавија најде радикален, но и ефикасен начин да го намали бројот на луѓе кои возат пијани. Оние на кои им е одземена дозволата поради за возење под дејство на алкохол, може да си ја вратат ако прво платат околу 200 евра (просечната плата е околу 270 евра), а со тоа да купат билет за специјална поправна програма и да работат во мртовечница.
Нивната основна задача е да му помагаат на медицинскиот персонал во болниците при пружање помош на настраданите од сообраќајни незгоди, а кога таа помош не е потребна, што е многу често, се препраќаат во мртовечница каде што помагаат при обдукција, ги мијат телата и слично.
Програмата започна во главниот град Кишињев во 2019 година со шест возачи кои беа казнети поради возење под дејство на алкохол. Еден се откажал неколку минути откако почнал со работа во мртовечница, а друг изјавил: „Ова е најтешката лекција во мојот живот. Нема повеќе алкохол, никогаш повеќе нема да пијам, ниту една капка. Не сакам да се вратам овде“.
Според полицијата, откако ќе завршат со оваа програма, тие треба повторно да го полагаат својот возачки испит.
Засега оваа програма во Молдавија дава одлични резултати. За три години 600 возачи биле испратени на работа во мртовечница, а евидентиран е само еден случај на повторување на истиот прекршок.