Во главниот град на Чиле, Сантијаго се одржа поворка на зомби, која поминувала низ улиците на градот. Маршот на зомби воодушеви бројни видеографи, фотографи и медиуми, бидејќи учесниците на парадата се потрудиле за костимите, шминката, реквизитите и целокупниот изглед на маската на полуживите суштества, а особено била нагласена имитацијата на одењето. .
Врв на настанот бил бесплатниот музички концерт во паркот Алмагро.
Необична парада се одржала и во Мексико Сити. Бројните фанови на филмската франшиза „Војна на ѕвездите“ облекоа костими, маски и гордо шетаа низ улиците на мексиканската престолнина во прекрасен сончев ден. Еден од најзабележителните моменти на парадата бил минувањето на негативецот Дарт Вејдер и неговата војска, кои овојпат не покажале агресивни и освојувачки намери.