Америка во 2023 ја чекаат тешки денови, предупреди бразилски јасновидец

Бразилскиот јасновидец Атос Саломе, кого го нарекуваат и новиот и модерен Нострадамус, предвидува дека по 2023 година ништо нема да остане од Америка. За него велат дека ја предвидел пандемијата со коронавирусот, смртта на британската кралица, а сега тврди дека на повидок е Трета светска војна.

36 годишниот Саломе тврди дека во наредниот период човештвото го очекуваат страшни работи и дека мора итно да се спречат за да се избегне целосно уништување на планетата Земја. Предупреди дека Америка ќе се соочи со предавство и инвазија во 2024 и 2026 година.

Саломе тврди дека неколку светски лидери ќе се обединат во борбата против САД, и дека ќе ѝ предизвикаат вистински пекол. Нападот ќе биде многу пострашен од оној на Ал Каеда од 11 септември, во кој загинаа речиси 3000 луѓе, а Светскиот трговски центар во Њујорк беше целосно уништен.

„Непознати објекти ќе паднат од небо и ништо нема да остане од Америка. Тогаш ќе настане голема војна. САД ќе бидат предадени и нападнати. Нападот ќе биде полош од 11 септември 2001 година“, предвидува Атос, иако не кажа кои градови ќе да бидат погодени од овие напади.

Тој откри дека зад нападот се кријат двајца големи светски лидери. Најголем број од нападите и трагедиите ќе се случат во месеците февруари, април и јули наредната година. Атос рече дека сака само да го каже она што го гледа во визиите и дека нема намера да предизвика страв и паника кај населението.

Објасни дека со неговите предупредувања сака на властите да им порача да реагираат уште сега пред да биде предоцна. Вели дека себе сѝ не се смета за некаков голем гатач, но дека ова се критични месеци кога треба да се реагира.

Објасни дека го користи светото пророштво на Кабалата, езотерична дисциплина на еврејскиот мистицизам. Кабала тврди дека може да ги чита мислите на другите, да води и да ја предвидува иднината.

 

Scroll to Top