Ја откачил Џулија Робертс по само 2 месеци, Метју Пери откри за врската со глумицата

Глумецот Метју Пери во своите мемоари раскажа за врската со неговата колешка Џулија Робертс. Тој откри дека ја откачил по само 2 месеци. Се присети како во една од сезоните на „Пријатели“, во која го глумеше Чендлер, беше во врска со Робертс, која имаше улога на гостин во серијата.

„Нашата романса започна кога ја контактирав и откако ми рече дека ќе се согласи на улогата, единствено ако има некоја приказна со мене. Ѝ испратив рози и порака. ‘Единствената работа која е повузбудлива од тоа дека ќе бидеш во серијата, е причината што можам да испратам цвеќиња’“, се потсети Пери.

Рече дека му одговорила на пораката и дека му испратила пециво. Потоа ѝ додворувал три месеци. Секој ден ѝ испраќал факс, додека таа снимала во Франција. Кога се вратила ѝ се приклучила во „Пријатели“, веќе биле во врска.

Во автобиографијата „Пријатели, Љубовници и големата страшна работа“, Пери откри дека си размениле стотина факсови, затоа што тоа било време пред на сцената се појават мејловите.

„Секојдневно по неколку пати ќе седнев до факсот и ќе гледав како излегува нејзино ново писмо. Бев многу возбуден до таа мера што ќе излезев од забава на која флертував со атрактивна девојка, само за да видам дали испратила друг факс“, рече Пери

Причина за раскинувањето било тоа што не мислел дека е доволно добар за неа. Тој ја оставил само два месеци по нејзината глума во серијата „Пријатели“.

„Постојано мислев дека таа ќе прекине со мене. Тоа беше премногу за мене. Не бев доволен, никогаш не би бил. Бев скршен, недостоен за нејзината љубов“, раскажа глумецот.

Во автобиографијата која ќе излезе на почетокот на следниот месец, Пери откри и детали за борбата со наркотиците и зависноста. Се потсети како дека Џулија го земала Оскарот, тој бил на рехабилтација и бил во очајна состојба. Си помислил да ја врати, но, на крајот ништо не испаднало од тоа.

Книгата за неговиот живот ќе откри детали за него и неговите различни битки кои сега се зад него.

 

Scroll to Top