Српската пејачка Лепа Брена која од неодамна почна да се занимава со бизнис со хулахопки, добила понуда од американска компанија за договор од пола милион долари, пишува српски „Курир“.
Наводно пејачката ќе го проширува бизнисот и прекуокеански, според извор близок до медиумот кој открил дека Брена ќе произведува и продава женски чорапи за пазарот во САД. Наводно, за првиот договор кој би важел една сезона, есен и зима се подготвени да платат половина милион долари.
„Брена работи со полна пареа. Нејзе ѝ се допаѓа бизнисот со чорапи, а понуди пристигнуваат од сите страни. Таа привлече одлични партнери. Сега ѝ се отвора патот до американскиот пазар, каде што, инаку, со години има куќа. Пејачката никогаш не била толку продуктивна како сега, а овој деловен проект само дополнително ја мотивираше. Вклучено е целото семејство, а во преговорите со други фирми ќе ѝ помага сопругот Боба Живојиновиќ“, вели изворот за Курир.
Анонимниот извор за српски „Курир“ открива дека пејачката има големи планови и дека сака да изгради фабрика за женски чорапи.