Шон Стјуарт, синот на Род Стјуарт, итно бил префрлен во болница откако бил удрен од камион во сообраќајна несреќа.
„Ме удри камион, поминав на црвено. Тешко е овде на овие улици“, се пожалил Шон на Инстаграм со фотографија на која позира со маска.
Инаку, Шон и Род пред помалку од една година се изјаснија за виновни за туркање на чувар во луксузен хотел во Флорида пред три години, но не добија ниту затвор ниту парични казни.
Познатиот пејач и неговиот син Шон се обвинети за физичка пресметка со чуварот Џеси Диксон во луксузниот хотел Брејкерс на Флорида во Палм Бич на 31 декември 2019 година.
Спорот настанал затоа што Диксон не им дозволил да организираат приватна новогодишна забава во хотелот. Синот на Стјуарт, Шон, претходно имал проблеми со законот и зависноста.
Во 2002 година, Стјуарт Јуниор беше уапсен за напад на маж пред ресторан во Малибу, а во 2015 година беше приведен затоа што возел низ просторот за земање багаж на аеродромот во Мајами.