Кание Вест откако го раскина договорот со „Адидас“ повеќе не е милијардер

Американскиот рапер Кание Вест откако го раскина договорот со „Адидас“ повеќе не е милијардер. Според светскиот економски магазин „Форбс“,  договорот со германска компанија за облека „Адидас“ беше проценет на 1,5 милијарди долари и додаде дека неговата нето вредност сега е падната на само 400 милиони долари.

„Адидас“ во вторникот ја објави одлуката за прекин на соработката со пејачот, заради неговите антисемитски изјави и додаде дека повеќе нема да ги произведува неговите Yeezy линија на обувки и облека.

„’Адидас’ не толиерира антисемитизам и било кој друг вид на говор на омраза“, порачаа од компанијата.

„Неодамнешните коментари и постапки се неприфатливи, полни со омраза и опасни и ги кршат вредностите на компанијата за различностите и меѓусебните почитувања“, порачаа од таму.

Овој потег доаѓа откако агенцијата за таленти CAA го отфрли застапувањето на Вест (45) и филмското студио MRC одлучи да не објавува завршен документарец за 24-кратниот добитник на Греми.

 

Scroll to Top